Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека предупредувањето од амбасадата на САД за 83 вооружени лица можеле да го попречат избирачкиот процес, придонело за спроведување на мирни локални избори во првиот круг.
Американската администрација генерално е многу фокусирана на овие демократски процеси меѓу кои и изборите, а особено администрацијата во земјава бидејќи многу инвестираат во нив и не сакаат да се создаде дамка на процесот. Јас воопшто не би земал за зло на обидите превентивно да се преземе нешто отколку воопшто да не се реагира, рече османи
Тој додаде дека ова предупредување од САД на самиот ден на локалните избори имало за цел да биде порака до сите во јавноста и затоа не одело само преку безбедносни и дипломатски канали.
