Македонија Топ вести

Дојава преку американската амбасада за 83 вооружени криминалци кои наводно планирале изборни инциденти

Во саботата, на последниот предизборен ден, во Амбасадата на САД стигнало предупредување од припадник на една политичка партија дека во изборите се вклучени вооружени, и за изборно насилство подготвени, луѓе кои претходно имале кривично досие. Партиската дојава, од амбасадата, во 9 часот денеска е препратена до обвинителството, кое почнало проверка со полицијата.

Добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија,  на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија, соопштуваат од обвинителството.

Полициските проверки не откриле ниту десетина вооружени криминалци ниту обиди за политичка ликвидација, како што била пријавата во американската амбасада.

Преземени се сите потребни  мерки и активности во координација со Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и до сега нема никаква потврда на изнесеното. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат и слободно да го искористат гласачкото право. МВР ги презема сите мерки да ја гарантира безбедноста и зачувувањето на јавниот ред и мир, порачуваат од мвр.

Од МВР кратко соопштија дека пријавата е поднесена од припадник на една политичка партија, но полициските служби ќе обезбедат мирен изборен ден.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќaјна несреќа на автопатот Тетово-Скопје, километарски колони на возила и голем застој

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе