Вести

Во Луксембург средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ

Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН.

Според српската агенција Бета тие „ќе разговараат и за ситуацијата во северно Косово“, се наведува во подготвителната документ од седницата. Според извори на Советот на министри на ЕУ во Брисел, Борел треба да ги информира министрите за надворешни работи од Унијата за ситуацијата на Западен Балкан и пораките што ги добил од лидерите на регионот, вклучувајќи го и неодамнешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Словенија.

Во Европската унија, според европските дипломатски извори, неодамнешната акција на косовската полиција и конфликтот со српските цивили на север предизвика сериозна загриженост, па високиот претставник Борел изјави дека „насилните инциденти во северно Косово мора веднаш да престанат … бидејќи тие се неприфатливи, еднострани и некоординирани потези што ја загрозуваат стабилноста “.

Во Њујорк, Борел доби потврда од американскиот државен секретар Ентони Бликен за позицијата на ЕУ дека сите спорови мора да се решат преку дијалогот Белград-Приштина и дека САД го поддржуваат проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Шефовите на дипломатиите ќе разговараат и за актуелните состојби во Унијата, Заливот, Етипоија и Никарагва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина во јуни ја проби границата од еден милион извезени автомобили месечно

Sasko Dimovski

(Фото) Франција со воена парада го одбележа Денот на Бастилја

Kristina Kuzmanovski

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе