Вести Македонија Топ вести

Ј.О. за првиот круг: Поткуп со пари и бекатон плочки, агитација и закани, но и пукање на митинг и закани со бомба

МВР да ги најде за обвинителството да ги гони пиштолџиите од митингиот во скопски Чаир е само мал дел од предметите кои обвинителстовто ги отворило и кривично ги гони сторителите како дел од изборните нерегуларности кои го одбележале изборниот процес. Се кинеле гласачки ливчиња и полицијата го уапсила Скопјанецот, додека друг сограѓанин пијан се обидел да го краде изборниот материјал ставајќи го в џеб. Обвинителството трага и по заканувачи кои сториле крвичн одело изнуда кон кандидат за советник  за Скопје.

„Предмет е оформен и по доставено известување од МВР за сторено кривично дело „Изнуда“ од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје. На оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и порака каде се спомнува бомба, “ се наведува во извештајот на обвинителството.

Во општина Лозово независен кандидат делел по 3000 денари. И тој и поткупените граѓани ќе се гонат кривично велат од обвинителството. Овие избори Кочани е општината со најголем број прекрушувња на изборниот прцес. Две лица се заканувале на повеќе граѓани дека доколку не гласаат за одредена партија ќе бида избркани од работа. Други, пак, превезувале групно граѓани со организиран превоз во Кочани ,а трети минувајќи со возило нуделе пари за поткуп на гласачи. Кочанчани успеале да го сторат и кривичното дело „Повреда на слободата на определување“ и пред домот на кулутрата врешеле агитација и убедувале граѓани како да гласаат,а тие се дел од четирите предмети и седуммината осомничени ширум државата. Се агитирало и во Гостивар, а поткуп се вршело и во Делчeво и Тетово.

„На Градскиот пазар во Делчево, кандидат за градоначалник од политичка партија му дал 3000 денари на едно лице заедно со брошура. Парите од лицето кое ги примило се одземени, додека брошурата не е пронајдена. Тетовското обвинителство презема дејствија во врска со пријавен настан по кој е оформен предмет против едно лице за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.  Поткупот го вршел кадидат за градоначалник со бекатон плочки,“ се наведува во извештајот на јавното обвинителство.

И МВР е со полни раце работа откако примиле 40 – тина пријави за нерегуларности во изборната кампања, за време на изборниот молк и денот на изборите, а голем број пријави стасале и кај народниот правобранител од граѓани, невладини здруженија и партии за кршење на избирачкото право.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Која е опасноста од никотинските кесички кои се популарни меѓу тинејџерите кои слободно може да ги купат во трафика?

Дејан Дејан

Собранието го извиси народниот правобранител- не ги изгласа законски измени за поголеми ингеренции и финансиска независност

Дејан Дејан

Само производите со 5 отсто ДДВ да бидат со ограничена маржи, Стопанска комора бара измени во листата од министерот Бектеши

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе