Грција ја поддржува нашата земја во европската перспектива и апелира колку што е можно побрзо да се организира првата меѓувладина конференција со ЕУ. Нивна цел е Западен Балкан да се прошири. Подготвени се и за техничка поддршка, изјави заменик министерот за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, кој е во работна посета на Македонија.
За Вицепремиерот Никола Димитров, развојот на добрососедските односи е врвен приоритет.
Варвициотс и Димитров разговарале и за имплементацијата на Договорот од Преспа при што било констатирано дека тој се спроведува со добра динамика.
Јулијана Лефковска
