Вести Македонија Најважни

Антикорупционерите немоќни пред дупките во законите

Левица против Данела Арсовска, СДСМ против Максим Димитриевски. Двата приговори кои стигнаа пред антикорупционерите, беа одбиени поради недореченост во Изборниот законик. Левица бараше одговорност од Арсовска бидејќи, според нив, нејзината кампања се финансира незаконски со средства доделени од ДИК на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги користи само своите средства кои и се доделени како независен кандидат. Во приговорот образложуваат дека, на Арсовска, која официјално е независен кандидат, со различен број на гласачкото ливче од ВМРО ДПМНЕ, со кои патем нема склучено договор за коалиција, по закон, и` следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР). Тоа подразбира  и само 30 секунди на секој час емитувана програма – како и за сите останати независни кандидати. Но, таа користи рекламен простор од 45 отсто или 4 минути на секој час, од пакетот што им следува на ВМРО ДПМНЕ.

Арсовска во своја одбрана навела дека, Изборниот законик не предвидува склучување на договор за да се користат рекламни права. Се повикува на упатството на АВМУ, во кое стои дека, партиите можат да отстапат рекламен простор на кандидатите што ги поддржуваат.

Антикорупционерот Нури Бајрами, се согласи со оваа констатација дека пристапот кон  Арсовска не е незаконски.

СДСМ, пак, го обвинуваат кандидатот Максим Димитриевски дека користи 9  билборди и паноа, а по закон му се дозволени три. Димитриевски во своја одбрана навел дека, законот дозволува, локациите за кои нема интерес да може да се искористат од друг, а тој токму тоа го направил. Принципот на поделба на овој начин е прв дојден-прв услужен. Претседателката на Комисијата потврди дека, според Изборниот законик, е дозволено користење на преостанатите локации, иако и ова не е доуредено.

Ивановска нагласи дека, речиси и нема закон што нема слабости, а особено Изборниот законик, кој нема јасно дефинирани одредби, што ја отежнува регулацијата на рекламите. Правниот вакуум, несоодветните и непрецизни дискрециони овластувања, пак, водат кон можни злоупотреби и  корупција. Постои и неусогласеност со актите донесени на локално ниво. Сето ова ќе се најде во конечниот извештај на антикорупционерите, по што се надеваат дека ќе следат и измени на Изборниот законик, за да се отстранат пропустите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе