Бугарија и Македонија прво треба да се разберат дека не се разбираат и оти позициите им се многу различни и во разговорите меѓу нив најверојатно ќе треба да се вклучи трета страна за да се надмине прашањето. Ова е ставот на поранешната амбасадорка на Германија во Македонија, Гудрун Штајнакер, но и поранешна заменик-амбасадор во Бугарија и добар познавач на регионот. Штајнакер во интервју за Буагрскотот национално радио посочува што според неа е во моменто е важно да се направи.
„Сега е важно Бугарија да се избори со себе си и да признае дека има разлики со Северна Македонија и дека тие разлики скоро нема да можат да бидат надминати. Двете страни во духот на договорот за добрососедство треба да признаат дека имаат суштински разлики, но работат на нивните надминувања и за постигнување на прифатливо решение. За тоа ќе биде потребно време. Дотогаш Бугарија не би требало да и го попречу започнувањето на преговорите за членство, бидејќи да бидеме јасни, не станува збор за членството на Северна Македонија во ЕУ, туку само за старт на преговарачкиот процес“, изјави Штајнaкер.
Штајнакер притоа и порачува на Бугарија да не се плаши да и дозволи на Македонијаа да ги почне преговорите, кои според неа ќе многу траат долго, а во кои Бугарија ќе има многу можности да влијае на процесот.
„За Бугарија е многу подобро да има стабилен и просперитетен сосед. Се надевам дека разумот ќе надвладее“, вели Штајнакер.
Поранешната германска амбасадорка во Македонија, е на став дека ниту една земја нема да биде примена во Европската унија ако има нерешен билатерален проблем, велејќи дека Унијата нема да ја повтори грешката што ја направила со Кипар.
Штајнакер во интервјуто го коментира и пораките кои ги испраќа ЕУ кон регионот за поддржување на проширувањето, но истовремено нејината неодготвеност истото да го спроведе, велејќи дека вината е во Унијата и нејзините погрешни инструменти во интегративниот процес и во земјите од Западниот Балкан, пред се во недоволниот прогрес во реформите. Таа смета дека и неусогласеноста меѓу земјите членки по ова прашање е дополнителен проблем.
Проблем за прашањето на проширувањето е и тоа што не сите членки на ЕУ подеднакво ја чуствуваат заканата од зголемувањето на влијанието на трети земји во региононт на Западниот Балкан. За Штајнакер повторно ангажирање на САД на Балканот е позитивен момент со оглед дека примарна цел на Вашингтон е стабилнсота и безбедноста на регионот.
Тамара Грнчароска
