Во повеќе акциски контроли на сообраќајната полиција, често возачите се жалат дека полицајците многу ретко сопираат и проверуваат скапи автомобили знаејќи дека со нив се возат моќници кои при најмал прекршок ги ангажираат своите врски и поминуваат „нечепнати“.
Во текот на денешната акција за проверка на автомобили кај скопската патарина во правец кон Велес бил сопрен мерцедес мајбах. Овој полициски „потфат“ е фотографиран и споделен од МВР. Нема податоци дали е откриена неправилност со документите за мајбахот, автомобил кој вреди повеќе стотици илјади евра и во Македонија ги има само неколку.
МВР исто така сподели две фотографии како возачи возатпо по 80 или сто километри на час повеќе од максималната брзина.

На излез од тунелот кај Демир Капија каде ограничувањето е 80km/h еден возач возел со 186 на час, или со 106 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Друг возач пак на скопската обиколница (максимално дозволена 120 km/h) пак го возел својот автомобил со 199 километри на час. Сепак ова еза малку „поспоро“ од возач кој пред три недели со својот автомобил ја пробил бариерата од 200 и возел 203 km/h.
МВР пак соопшти дека во септември оваа година имало само 4 жртви во сообраќајот, што е за 73 % помалку од септември лани кога загинале 15 луѓе на патиштата. Сепак при синоќешните контроли откриени се 141 пијани возачи во сообраќајот.
