Тринаесет илјади дози вакцини против ковид-19, кои Македонија ги доби како донација од Бугарија, ќе бидат уништени како медицински отпад, потврдуваат од Министерството за здравство за порталот СДК.мк.
На 14 септември во Македонија стигнаа 51.480 дози вакцини, а рокот им беше до 30 септември, што значи дека за прва и втора доза се искористиле 38. 480 дози, пренесува порталот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
