Македонија

Димитров: Од самитот ЕУ-Западен Балкан на регионот му треба јасно ветување за европската иднина

Ние имаме што да кажеме и имаме многу силни аргументи. Реално, редот е на ЕУ да испорача. Во тој контекст од самитот ЕУ-Западен Балкан на регионот му треба јасно ветување за неговата европска иднина, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Осврнувајќи се на негото учество со специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собртание на Советот на Европа, Димитров истакна дека ПССЕ одамна не дебатирало за Балканот, а тајмингот е одличен и очекува оваа дебата да резултира со една голема поддршка на 47-те земји челени во однос на европската иднина на Блаканот, кој е многу потребна.

Работите не се добри и мора да бидат подобри. Јас се обидов преку македонската приказна како најдрастична да им укажам посебно на 27-те земји членки на ЕУ, зошто процесот мора да мрдне. И истовремено на некој начин да аргументирам и за целиот Балкан, за шесте земји од Западниот Балкан, зошто е толку важно Европа да си го одржи ветувањето. Ветувањето е дадено пред 18 години и дури и молчев 16 секунди за да ги симболизирам 16-те години што македонскиот народ, сите македонски граѓани ги поминаа во чекање да почнеме на патот. Така што мислам дека целта ја остварив. Имав и доста средби на маргините. Мислам дека имаме што да кажеме и имаме многу силни аргументи. Мсилам дека реално, редот е на ЕУ да испорача, рече Димитров.

За неговите директни забелешки околу блокадата на нашите евроинтеграции од страна на соседна Бугарија, тој повтори дека не е европски и не е добрососедски, па ниту пристојно кога соседот ви се меша во тоа каков јазик зборувате.

Ние зборуваме македонски јазик, тоа прашање е за нас, за Македонците. Така што не можев, а тоа да не го кажам. Истовремено убеден сум дека нашата битка за македонскиот идентитет е битка и за европскиот идентитет. Минатата недела беше ден на европските јазици и култури, ден означен од Советот на Европа. Живееме на континент што е многу богат со различности и не може како услов за напред кон едно такво семејство некој да ви го проблематизира јазикот на европско ниво. Тоа не е добро. И затоа апелирав на лидерство, на одговорност. Во интерес и на нашата држава и на соседна Бугарија и на пријателството е ова да го решиме на европски начин, смета Димитров.

Околу обвинувањата од страна на Бугарија за наводна дискриминација на лицата кои сакаат да се идентификуваат како Бугари во Северна Македонија, тој подвлекува дека нашата земја е држава со долга традиција на толеранција.

Ние сме земја со долга традиција на толерантност кон различните, градиме заедничка куќа и Македонците и Албанците, и Турците и сите заедно. Имаме механизми многу сериозни и јас само кажав дека според мои информации нема дури ни една поплака пред Комисијата за антидискриминација во однос на некакви нарушувања на права врз основа на бугарска етничка припадност. Зошто тоа баш во овој момент доста бугарски политичари на големо и гласно го промовираат тоа е нивна работа и не сум сигурен, но мислам дека не користи, барем во нашата земја, во нашата Македонија ние имаме цврсти гаранции дека сите сме еднакви пред законот независно од етничката припадност, вели Димитров.

За нонпејперите околу укинување на визната либерализација, околу неставање на јасни перспективи за земјите од регионот, клучна ќе биде пораката од самитот ЕУ-Западен Балкан од Брдо кај Крањ во Словенија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Дејан Дејан

Обвинителството отвори истрага за синот кој му нанел 30 убоди со нож на татко си кој претходно ја нападнал мајката на 30-годишникот

Tea Dimkovska

(живо)Нема контаминација на алуминиумските фолии во кои беа завиткаки еврата на апелациониот судија Ристов, тврди вештакот на МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе