Македонија Топ вести

Претседателката на ЕК утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре е во посета на Македонија, а ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.

Според портпаролот на Европската Комисија, фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан почнувајќи од Албанија и Македонија. Посетата на регионот е една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на шести октомври во Словенија со лидерите од регионот. Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“ туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

Ден по неа, во среда се очекува и пристигнувањето на Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Информацијата за МИА ја потврдија службите на Европската Комисија. Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе