Македонија Топ вести

Утре стартува изборната кампања, 301 кандидат за градоначалник, 576 листи за советници

СДСМ тргнува од Битола, ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Алијанса на Албанците/Алтернатива и Беса од Скопје. Партиите и независните кандидати од утре ја започнувааат кампањата за локалните избори.

Поради Ковид пандемијата, активностите на учесниците во изборите и претставувањето на програмите во најголем дел ќе се сведат на неформални средби со граѓаните и поголема застапеност на социјалните мрежи.

Кампањата ќе трае 20 дена, до 15 октомври на полноќ.

Во градоначалничката трка ќе учествуваат 301 кандидат од кои само 26 се жени. За разлика од нив, на советничките листи сликата е поинаква. Од вкупно потврдени 567 листи за советници, мажите се застапени со 55,99% а жените со 44,01%.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Скопје 12, две жени, двајца адвокати, двајца музичари, хирург, бизнисмени. Поднесени се 18 листи за советници на политички партии, коалиции и независни групи. Најголем дел од кандидатите за советници се на возраст од 36 до 45 години.

Во другите градови најмногу кандидати за градоначалници и за советници се поднесени за Струга, Битола, Куманово и Прилеп.

ДИК го заклучи Избирачкиот список. На 17 октомври ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани. Во посебните извори на списокот се наоѓаат 82.461 лице кои се на привремена работа, или престој во странство, 1.899 лица кои се на издржување затвор или се во притвор, 351 гласач во вонсемејно сместување и 6 раселени лица.

За прв пат овие избори ќе се спроведат со употреба на терминали за читање отпечатоци од прсти. На изборите мора да се почитуваат Ковид протоколите а ќе им се овозможи и гласање на лицата кои се позитивни или се во изолација.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 31 октомври.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе