Ковид19 Македонија Топ вести

Се намалува интересот кај граѓаните за вакцинација

Интересот за вакцинација кај граѓаните полека се намалува и тоа може да се види преку официјалните дневни бројки на министерството за здравство кои стагнираат. Ако по воведувањето на рестриктивните мерки и задолжителна вакцинација за влез во објекти и присуство на настани дневно се аплицираа над 12 илјади вакцини бројките сега се движат меѓу 7 и 8 илјади а бројката на граѓани кои ја примаат првата вакцина е уште помал и се движи до две илјади дневно.

Министерот Филипче потврди дека интересот кај граѓаните опаѓа, што прави дополнителен притисок врз болниците и медицинскиот персонал а поради тоа некои клиники се спречени да ја вршат својата примарна дејност бидејќи се ковид центри или пак персоналот е ангажиран за работа со ковид пациенти. Тој не исклучува воведување на дополнителни мерки

Официјалните бројки на здравствените власти се дека заклчучно со вчера вакцинирани се 781 илјада граѓани од кои 714 илјад целосно со две дози. Заклучно со 18 септември 46,3 отсто од полнолетното население во државата е вакцинирано барем со една доза на вакцина.

Од утре пак ќе почне и вакцинацијата со трета доза за здравстевните работници, граѓаните над 60 години и пациентите со транспланти и хронични болести. Граѓаните со имунокомпромитирачки болести, со потврда од лекар, ќе може исто така да бидат вакцинирани со третата „бустер“ доза. Филипче најави дека се разгледува за вкулучување на уште една категорија на граѓани и проширување на листата од критичната инфраструктура. Граѓаните ќе бидат известени преку СМС порак и ќе може да се вкацинираат во било кој пункт без претходно закажување.
Бустер дозата ќе биде со вакцината на „Фајзер“ бидејќи според Филипче а изборот се должи пред се на препораките на американската агенција за лекови и фактот што овој производител има најголем напредок во истражувањата за трета доза.

Кога станува збор за скринингот во основните и средните училишта, најавите на здравствените власти се дека ќе почне за десетина дена. Здравство образование ја прецизираат методлогијата а од утре ќе се почне со барањето на спгласност од родителите во таргетираните училишта. За скринингот ќе се користат антигенски тестови и проекциите се дека 40 илјади тестови ќе бидат доволни за да се добие прецизен препрезентативен примерок за трансмисијата на коронавирусот во образовниот систем.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Партијата на Курти освои најмногу гласови на избoрите во Косово

Kristina Kuzmanovski

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе