Ковид19 Македонија Топ вести

Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница

Четворица пациенти од источниот регион ја загубија битката со коронавирусот во штипската модуларна болница. Станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години. Пациентите кои се лекуваат во модуларната болница доаѓаат во тешка состојба, од 38 пациенти во неа само четворица не се на  постојана кислорона поддршка, останатите се борат за здив.

Штипската Клиничка болница се справува со напливот на пациенти, олеснување на здравствениот кадар, но и подобри услови за лекување на пациентите ќе има во реконструираната зграда на Инфективното одделение, каде се поставува новиот противпожарен систем.

Кон крајот на неделата се очекува да се стави во функцијата зградата на Инфективното одделение, во којашто ќе се врати и одделот за Неврологија со десет болнички кревети. Во првата фаза на реконструкцијата е опфатена замената на прозорците, фасадата, централен довод за кислород и противпожарен систем, а планирана е и втора фаза, реконструкција во внатрешноста на објектот, но за неа ќе се почека да се обезбедат пари и да заврши пандемијата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе