Вести Македонија

Видео: Специјалци пред Ковид болница, затвореник од Диво Насеље со пневмонија се лекува таму

Инфективната клиника во Скопје доби и дополнително обезбедување составено од полициски специјалци.

Во кругот на Клинички центар покрај Ковид болницата има повеќе полициски специјалци кои според нашите информации имаат за цел обезбедување на болница каде на лекување се наоаѓа еден од македонските државјани кој е осуден за случајот Диво Насеље.

Од затворската управа потврдија дека кумановец осуден за поддршка и логистика на терористичката група во моментот наместо во притвор во Шутка е во Ковид болница затоа што се заразил со корона вирус и добил пневмонија. Според управата, состојбата му е стабилизирана и веќе неколку денови е во болница.

Немаат информации како се заразил бидејќи е во келија, но има право на посети и на движење низ затворот согласно дневниот распоред за излегување.

Поради опасност од бегство и од безбедносни причини, како превентивна мерка околу затворите каде се сместени осудениците (голем број и доживотно) за Диво Насеље има дополнителни полициски сили од специјалните единици на МВР.

Во инцидентите во Куманово во мај 2015-та загинаа 8 полицајци, над 50 беа повредени, додека 10 припадници на терористичката група загинаа во престрелката и нападите врз полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе