Истрагата на обвинителството ги замолчи надлежните, но и одговорните за модуларната болница во Тетово. Директорот Флорим Бесими и по 15 дена не крева телефон за да одгвори на прашањето дали ги презел сите активности којшто кредиторот на објектот Светска Банка ги пропишал околку одговрноста за управување и спроведување на плановите за протиппожарна заштита, приклучи на вода, струја и кислород. И неговата оставка сеуште ја нема на масата пред министерот за здравство Венко Вилипче, кој потврди , а денеска одново одби да го коментира документот на Светска Банка во кој точно е наведена одговорнста и задолженијата на директорите на болнците од секоја фаза на изградба и понатамошно управување со модуларните.
Пред 10 дена последен пат јавното обвинителство се огласи дека нарачало вештачења и ја обезбедиле документацијата, но и ги завршиле разговорите со вработените. Се повикаа на молк заради истрагата која е во тек, но затоа опозицијата во собранието не мирува и откако спиекрот Талат Џафери има ја одби иницијатвиата за формирање анкетна комисија за трагедијата во Тетово како неуредна одлучија да ја прекршат партиската пракса и да го употребат уставнотот име на државата во новото барање, обајсни лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицковски на денешниот брифинг со новинарите.
- Човечкиот живот нема цена. Само за да ја дознае јавноста вистината и одговорните да бидат казнети ние одново ќе го поднесеме барањето за анкетна комисија со употреба на уставното име на државата Република Северна Македонија. Тоа ќе биде прв пат бидејќи досега Џафери ги враќаше сите поднесоци во собранието како неуредни,“ кажа Мицковски на брифингот со новинарите
Мицковски одговорноста одново ја бара кај премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче кои не псотапувале според правилник во зкаонот за градење со кој точно се знаее кој е надзор и одгворен за приклучоците и техничките проверки и спецификации, но и одговорност од директорот на болницата кој , пак, според Мицковски не смеел да бдие назначен како одгворен бидејчи не е лиценциран за тие технички аспекти. За понудените и нереализираните оставки, но и за одговрноста која треба да ја утврди обвинителстовто се огласи и опозиционерот Зијадин Села.
17 модуларни болници чинат 3,8 милиони евра. Ги изработи велешката фирма „Брако“ на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, ги плати Владата преку кредиторот Светска банка кои во тендерската документација навела дека одгворни за повеќе фази од изгрдаба д оурпавување одговорни лица се директорите на болниците.
Павле Беловски
