Вести Македонија Топ вести

Пресврт во велешкиот случај за силување на 15-годишно девојче од домот за деца без родители

Петнаесетгодишното девојче штитеничка на дом за деца без родители ја променила изјавата во полиција дека била тепана и силувана, потврдуваат од СВР Велес за Телма. На службениците им признала дека станува збор за лажна пријава.

Две момчиња од Велес веќе беа повикани на разговор во станица, по изјавата на малолетничката. Дополнително, од свои извори Телма дознава дека со сите вештачења и пропратни оперативни дејствија околу истрагата, докажано било дека таа ниту била тепана, ниту била силувана. Со оглед на тоа што веќе постојат доказите, девојчето признало дека нејзината пријава е всушност лажна пријава.

Телма побара повеќе детали за конкретниот случај и од Центарот за социјални работи во Скопје за да се слушне и нивниот став околу причините за промената на изјавата во полиција, но оттаму целосно одбиваат да коментираат за случајот и сите одговорности ги префрлија на Министерството за труд и социјална политика.

Целиот заплет околу ова се случи во саботата попладнето, кога петнаесетгодишното девојче штитеничка на дом за деца без родители, се оддалечила од зградата каде што е згрижена. Во полициската станица во Центар стигнала пријава дека девојчето е исчезнато. Подоцна таа била во Велес со повеќе лица, а утредента, во недела наутро, се јавила во полиција да каже дека била истепана и силувана, за потоа да подлежи на повеќе лекарски прегледи, за да се дознае нејзината состојба.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Утрово состојбата е стабилна, без сериозни нарушувања на изборниот процес

Дејан Дејан

Непречено се гласа на територија на цела држава, регистрирани се помали технички проблеми

Дејан Дејан

Гласањето будно го следи и Привремената комисија на ЈО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе