Ковид19 Македонија Топ вести

Вакцини за Ковид пристигаат, за сезонски грип допрва ќе се набавуваат

Сто десет илјади вакцини на „Фајзер“ набавени преку Ковакс механизмот ќе пристигнат денес во Македонија а до крајот на годината се очекува уште една пратка од 100 илјади вакцини. Минатата недела Бугарија донираше 51 илјада вакцини „Фајзер“ чиј рок истекува на 30 септември, па токму затоа тие веќе се дистрибуирани до вакциналните центри и пунктови и во моментов се користат.

Вакцините кои ќе бидат испорачани преку Ковакс Механизмот имаат рок на употреба до 31 декември оваа година. Покрај вакцините на „Фајзер“ државата располага вакцините на „АстраЗенека“ и „Синовак“

Меѓутоа бројките покажуваат дека темпото на вакцинација стагнира. Во последните два дена во просек се аплицираат нешто над 12 илјади вакцини од кои само по три илјади се први дози. Три од четири аплицирани вакцини се  ревакцинација на граѓаните кои масовно почнаа да се вакцинираат по воведувањето на рестриктивните мерки.

Ковид-19 се шири меѓу учениците и наставниците, надлежните демантираат

Кога станува збор за вакцинацијата против сезонскиот грип, од здравство соопштија дека во тек е набавка на 40 илјади дози четривалентни вакцини.

Бесплатна вакцинација против сезонски грип ќе има за следните ризични групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од 6 месеци до 5 години, велат од Министерството за здравство.

Која е точната бројка на граѓани опфатени со ризичните групи засега не е познато. Минатата година вакцинацијата против сезонскиот грип започна дури кон средината на ноември, а во првите неколку дена се аплицираа по две илјади дози дневно.

Од здравство додаваат дека останува отворена опција за набавка на дополнителни количини доколку за тоа се јави потреба.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Партијата на Курти освои најмногу гласови на избoрите во Косово

Kristina Kuzmanovski

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе