Ковид19 Македонија Топ вести

Ширењето на Ковид-19 во штипските училиште предизвикува проблеми со воспитувачките во градинките

Новите позитивни случаи и појава на симптоми на коронавирусот кај учениците во основните и средни училишта, како бумеранг удира и врз детските градинки. Директорката на најголемата штипската градинка Астибо, Билјана Трајчевска за Телма вели дека во изолација има веќе три вработени, од кои едната е и позитивна. Проблемот е што 80 отсто од вработените во градинките имаат деца кои одат на училишта, па по појавата на симптомите и позитивните тестови воспитувачките и негователките заминуваат на боледување иако се вакцинирани, со цел да се грижат за сопствените деца, но и да не го пренесат вирусот на децата за кои се грижат во градинките.

Деведесет отсто од нашите вработени се вакцинирани со две дози. За една група се грижат две вработени, кога едната заминува на боледување, поради тоа што нејзиното дете е со симптоми или позитивно, втората мора во наредните две недели да се грижи за групата од рано наутро до 16 часот. Ова е голем проблем, затоа и бараме разбирање од родителите. Здравствените мерки се почитуваат во нашите објекти и постојано вршиме дезинфекции, вели Билјана Трајчевска директор на градинка Астибо.

 

Трајчевска вели дека во објектите на оваа детска установа нема олабувањето на протоколите. Во моментов 16 деца се во изолација, откако едно дете се заразило со вирусот, а една недела по него позитивен тест добила и негователката. Епидемиолозите денеска треба да утврдат дали во овој случај има локална трансмисија. Штипската модуларна болница е преполна со пациенти. Капацитетот и е за 47, но додадени се уште четири кревети, па сега во неа се лекуваат 51 пациент, а на Кожното одделение се хоспитализирани осум пациенти. Битката со вирусот ја загуби 84 годишен штипјанец.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Екс директор на Национални шуми продавал дрвна маса по цени пониски од важечкиот ценовник

Дејан Дејан

„Бизнис објектив“: Од мал погон до голем извозник – успешна приказна на македонска фабрика

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе