Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика.
– До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет, информираат од ДЗС.
Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
– Милион причини нè водат во финалната фаза од најзначајната државна и статистичка операција што ја чекавме цели 20 години, стои во објава на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.
Од ДЗС, посочуваат, дека успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас.
