Повторно црн биланс од пандемијата Ковид-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје, од опасниот вирус во последните 24 часа починале 28 лица. Најмногу жртви има од Скопје – 11, по тројца починати има од Струмица и Тетово, двајца починати пациенти има од Гостивар и Куманово а животот го загубиле и по еден жител од Битола, Кичево, Валандово, Кавадарци, Гевгелија, Охрид и Струга. Починатите се на возраст од 45 до 87 години. Од 28-минати починати, 2 лица го загубиле животот во домашни услови.
Регистрирани се 557 нови случаи од најмногу позитивни тестови има во Скопје – 268.
