Протече видеото од безбедносните камери на модуларната болница во Тетово. Во траорни 3 минути со стравична брзина се шири пожарот а болницата е опколена со оган и чад. На почетокот од снимката огнот воопшто не е видлив но можат да забелжат двајца медицински работници како интервенираат со количка и од една од страничните врати изнесуваат жена во инвалидска количка. По, само неколку секунди чадот се пробива низ вратата, а во претпоследната соба се гледааат силуети на луѓе кои го кршат прозорецот.
На помош притрчуваат вработени во медицинска облека, но и граѓани кои се нашле во непсоредна близина. Во следните триесетина секунди почнува трка со времето да се спаси човечки живот. Огнот ги приклештува, дури 8- ммина пациенти успеваат молскавично да скокнат од прозорецот и да избегаат на сигурно.
Секунда подоцна огнот се распламтува, ја зафаќа и последната просторија и избива зад петиците на последниот пациент кој ја напушта просторијата.
На видеото можат да се забележат молскавици од електриката кои следат и
Огнот ја проголта болницата. Ги снемува светилките и никој повеќе не се доближува на објектот.
Автомобилот кој се стопи во пожарот е паркиран до самиот влез. Видеото е дел од обемните докази кои ги прибира обвинителството се во насока на прашањата кои ги отворија експертите и јавноста.
Зошто монтажниот објект изгоре за неколку минути, струјата не е изгасната. Кои луѓе во тој момент биле внатре се само дел од прашањата на кои одговор треба да даде обвинителството по стравичниот пожар во кои изгоре модуларната болница во Тетово и настрадаа 14 пациенти лекувајќи се од Ковид – 19.
Павле Беловски
