Вести Македонија Најважни

Обвинителство: Двајца од настраданите во пожарот не се пациенти – ковид протоколите прекршени

Обвинителството потврди – двајца од настраданите во пожарот не се пациенти во модуларната болница туку членови на на најблиско семејство кои во моментото на пожарот биле во објектот. Ковид протоколите во болницата биле прекршени.

„Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани. Причината за нивното присуство во моментот на несреќата, односно дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини се истражува“

Обвинителството и наложи на тетовската полиција од Тетовската болница да ја обезбеди односно одземе целокупната документација за изградбата на модуларната болница како и од фирмата ангажирана како изведувач.

Од Обвинителството информираат дека се подигнати видео записите од безбедносите камери од болницата но и од околните објекти како и од очевидци и од социјалните мрежи. Подигнати се материјали од модуларната болница а нагажиран е и вештак кој треба да се фокусира на делот со електричните инсталации.

Во рамките на досегашната истрага повиканина распит се дел од лекарскиот персонал кој бил во Модуларната болница во моментот на пожарот но и дурги лица.

Обвинителството издаде наредба на СВР-Тетово за одземање на целокупната документација

Од ДЗСИ соопштија дека досега не добиле налог од министерството за здравство и минстерот Филипче за вонреден надзор, како што тој најави на вчерашната прес конференција, но и дека законски тоа сега може да го побара само Јавното обвинителство. Оттаму додаваат дека последниот надзор е направен на 13 август и дека е доставен записник.

Во врска со трагичниот настан кој се случи на 8 септември оваа година, ДСЗИ не може да утврди фактичка состојба после изминати два дена од настанот, понатаму не постои налог од министерот за здравство за вршење на вонреден надзор и последно, но и најважно, во фаза на водење на истрага од страна на Јавното обвинителство, ниту министерот ниТУ КОЈ БИЛО  друг орган не може да му наложи на ДСЗИ да спроведува надзор над субјект кој е предмет на кривична истрага. ДСЗИ ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог на Јавното обвинителство.

Своја истрага води и Обвинителството за гонење на организиран криминал кои веќе ја побарале тендерската документација за модуларната болница.

ОГНЕН ЧАНЧАРЕВИЌ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе