Македонија

Алијанса за Албанците: Оставките се обид да се избегне одговорноста, Обвинителството да дејствува

Тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки.

Овие задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста.

Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас.

Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи „Будимпешта 2“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

(Видео) Ново врсничко насилство, девојче од Куманово притиснато во ќош, удирано со шлаканици и клоци

Kristina Kuzmanovski

Разрешени осум министри во владата – Мицкоски пред пратениците: Од првиот ден реков дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе