Вести Македонија

Расте бројот на заразени ученици во штипските основни и средни училишта

Расте бројот на заразени ученици во штипските основни и средни училишта. Од Центарот за јавно здравје денеска потврдуваат четири нови, од кои по еден од средните училишта „Коле Нехтенин“ и „Јане Сандански“, а двајца се од деветолетката „Ванчо Прќе“. Според надлежните во најголемото oсновно училиште неодговорноста на родител, во изолација однесе уште 14 ученика. На самиот старт едното дете добило позитивен тест, но поголемото наместо да остане дома со семејството, родителот го пуштал да оди на училиште и покарј бројните апели на надлежните институции.

Вкупниот број на ученици од стартот на учебната година па до денеска кои се во изолација се вкупно 73 ученика. Позитивни на корона вирусот се осум ученици и тројца наставници. Од кризниот штаб велат дека училиштата се безбедни и се почитуваат препораките и вирусот не се шири во нив, туку децата се заразиле при контакт во нивните семејства. Во модуларна болница има слободни места, а по пожарот во Тетово, засега нема да има воведување на посебни мерки во модуларните болници во Штип и Кочани. Сметаат дека се безбедни и имаат свое обезбедување околу нив.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните пријавиле над 612 милијарди денари – заврши годишното оданочување за 2025 година

Sasko Dimovski

Почина Тинка Ристеска, доајенка на театарот во Струмица

Дејан Дејан

Судот во Сеул го осуди поранешниот претседател на Јужна Кореја на две години затвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе