Македонија Топ вести

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.

Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК.

Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected]  се поднесени вкупно 73 барања.

На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии, кои пак, до 19 треба да достават евентуални барања за негова корекција.

До 24 септември ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список, а најдоцна до 1 октомври да го потпише.

Во сабота на 11 септември на полноќ, пак, завршува рокот за поднесување на кандидатури за локалните избори до Општинските изборни комисии.

Официјално кампањата за локалните избори започнува на 27 септември, но многу од кандидатите за градоначалници веќе се среќаваат со своите поддржувачи и граѓаните.

Во меѓувреме тече рокот за поднесување барања до ДИК за набљудување на локалните избори.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ја започна својата работа, а на средбата во ДИК нивни претставници веќе имале можност да ги видат и терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти, што за првпат ќе се применат на избори во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина актерот Сем Нил, звезда на филмот „Јура парк“

Sasko Dimovski

САД за првпат употребија морски дронови, Иран ги гаѓаше американските бази во Бахреин и Кувајт – Пакистан повикува на итна деескалација

Sasko Dimovski

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе