Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар, напиша премиерот Заев на Фејсбук.
Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.
Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
