Вести Македонија Топ вести

Демократскиот сојуз на локалните избори ќе настапи заедно со СДСМ

Претседателството на Демократскиот сојуз на вчера одржаната седница донесе одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ, соопштија од партијата.

Демократскиот сојуз, како што се посочува, подолго време се подготвува за учество на изборите при што врз основа на темелни анализи, сондажа на јавното мислење и изборните правила, како и програмските определби, одлучи да ја продолжи соработката со СДСМ.

Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности. Цврсто сме убедени дека приоритетите на ДС за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма и ќе бидат реализирани од новите градоначалници и совети на општините и градот Скопје, информираат од партијата.

Потенцираат дека борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи итн., се само дел од приоритетите.

Демократскиот сојуз е за отворање перспективи за младите, за европска Македонија и силно се спротивставува на тие што со деструкција и екстремизам се обидуват да печалат политички поени. Демократскиот сојуз е за фер и демократски избори, но и за коренити промени на изборните правила. Честит Денот на независноста и да е вечна Македонија!, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе