Струмичко има потреба од лиценцирани персонални асистенти. Лицата со попречености од овој регион имаат потреба од лични асистенти, но нема доволно обучени лица за оваа работа. Црвениот крст Струмица организира трет циклус обуки на кандидати од целиот регион, и наскоро ќе има нови 15 лиценцирани лични асистенти.
Од Црвен крст велат дека освен личните асистенти, тие мапирале огромна потреба и за други сервиси за поддршка на граѓаните, како посета и нега во домот. Вакви услуги ќе добиваат жители во две струмички општини: Василево и Ново Село.
Услугата персонален асистент можат да ја користат лица од 18 до 64 години, со тежок физички хендикеп и слепи лица.
Сузана Мицева
