Ковид19 Македонија

Нови 760 КОВИД-случаи, оздравени 644 и 23 починати лица

Нови 760 КОВИД-случаи, оздравени 644 пациенти и 23 починати лица, се регистрирани во последните 24 часа.

Како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на дијагностицирани е 178.159, а направени се за 24 часа 5.724 тестирања.

Од новите случаи, во Скопје се 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.

Оздравеле: од Скопје 219 пациенти, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22, Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандаво ,Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Струга, Крива Паланка, Делчево ,Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Од починатите, 9 се од Скопје (82г,81г,79г,71г,70г,60г,59г, 58г и 48г), по 2 од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г), Гостивар (74г и 65г), Струмица (83г и 68г), Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г) и по едно починато лице од Тетово (48г ) и Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Направени се 5.724 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–124, ЦЈЗ Куманово –77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–197, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-339, Биотек-278, Систина-138, лабораторија Лаор-347, Синлаб-137, Ремедика-16, Плодност–34, Генеа -17, Никоб лаб-712, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-117, Ројал Медика –53,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.418.

Досега во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Во лето снег падна на Пелистер

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе