Вести Македонија Најважни

(видео) Османи: Дојдоа луѓе со солзи во очите, покажавме солидарност

Одлучивме да им дадеме привремено прибежиште на 750 лица од Авганистан со кои сме соработувале, од кои првата група од 149 вечер пристигна, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од скопскиот аеродром.

-Тоа се претежно жени и деца. Еден од патниците беше бремена жена која веднаш беше упатена на гинекологија. Одлучивме да им излеземе во пресрет кога им е најпотребно и да им обезбедиме привремено прибежиште додека не стигнат до конечните дестинации. Денес покажавме солидарност да им помогнеме на луѓе со солзи во очите кои овие 90 дена ќе имаат сместување – рече Османи.

Со авион на компанијата „Камаир“ синоќа околу 23.30 преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило беше спроведено лице за кое најверојатно станува збор за колапс.

Според министерот Османи, кој ги пречека граѓаните од Авганистан, станува збор за луѓе кои се вработени во меѓународни организации и партнерски меѓународни организации со кои сме работеле ние и нашите сојузници  во овие 20 години во Авганистан.

 

На сите што слетаа синоќа од Авганистан во Скопје ќе им биде направен лекарски преглед и ПЦР тест, а доколку некој е позитивен на коронавирус оди во двонеделен карантин. Тие што сакаат, а не се вакцинирани, може да добијат и вакцина.

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД. Трошоците за нивен престој ќе ги покријат САД и меѓународните организации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе