Вести Македонија Најважни

(фото + видео) На аеродромот во Скопје пристигна првата група граѓани од Авганистан

Доцна вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првата група граѓани од Авганистан. Тие ќе бидат пречекани од министерот за надворешни работи Бујар Османи, заменик амбасадорот на САД во земјава и советници од Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Црвениот крст е првиот контакт за граѓаните кои стигаат од Авганистан, МВР ги спорведува сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина. По пристигнувањето на Авганистанците ќе им бидат поделени пакети со храна и со автобуси ќе бидат однесени на здравствени прегледи.

Според информациите од Владата вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

-Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан, велат од Владата.

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе