Вести Ковид19 Македонија

5-мина починати од корона за едно деноноќие во штипската болница- заразени се по една работничка во три конфекции и воспитувачка во градинка

Пет луѓе од од источниот регион на државата починаа од последици на корона вирус за едно деноноќие (двајца се од Штип, по еден од Радовиш, кочанското село Спанчево и Делчево). Пациентите починале во штипската болница, каде во моментот има 53-ца хоспитализирани, од кои 45 се лекуваат во модуларната болница, а останатите во стабилна состојба се во кожното одделение во болницата. 37 пациенти се на кислородна поддршка, а во дневната амбуланта се извршени 27 прегледи.

Од Центарот за јавно здравје-Штип денеска објавија детална анализа, според која, во Штип од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани 5.229 позитивни лица, починати се 150, оздравени 4.895, а моментално како активни случаи се водат 186 лица. Мал дел од активните се вакцинирани и се со лесна клиничка слика, стои во анализата на ЦЈЗ-Штип.

Починати од новиот бран се 4 лица од кои 3 се невакцинирани, а еден вакциниран со две дози над 70 години со коморбидитети. Забележани се и по еден случај на новозаразени во три штипски конфекции, а заразата им е од семејни контакти.

-Во однос на возрасни групи најголем процент се над 60 год со пораст на возрасна група од 20-39 години во последните две недели. Во училиштата се поставени ковид координатори, кои се во постојан контакт со ЦЈЗ и се постапува соодветно. Во моментот има едно лице – воспитувачка во детска градинка која е позитивна на ковид, истата е ставена во изолација и изолирана е групата на деца со кои била во контакт, стои во соопштението од Центар за јавно здравје-Штип

Почната е дезинфекцијата и дератизацијата во предучилишните и училишните установи и истата ќе биде завршена до почетокот на школската година.

Мaкедонија најголем „извозник“ на коронапозитивни во Австрија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Петровска и Милошоски за „нон-пејперот“: Постепена интеграција или „резервна клупа“ за Балканот?

Дејан Дејан

Владата смета дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“, но земјиштето е приватно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе