За вонредниот инспекциски надзор во Тетово, збирно место на пазарните и полициските инспектори, придружувани од полициски службеници беше зградата на подрачното одделение на Државниот пазарен инспекторат, од каде се упатија кон првиот угостителски објект според предвидениот план за работа. На вратата ги пречека редар, по што се проверуваше потребната документација на правниот субјект, додека на гостите им беше побаран сертификат/потврда за вакцинација или прележан ковид -19 во последните 45 дена.
Тетовското одделение за инпекциски надзор во соработка со СВР Тетово секојдневно спроведуваат контроли врз работата на вршителите на угостителска дејност согласно препораките на Комисијата за заразни болести за заштита на здравјето на населението од ковид 19 и согласно одредбите од Законот за угостителска дејност.
Граѓаните кои биле затекнати без сертификат за вакцинација ќе треба да платат 250 евра, додека казните за угосителскиот објект се движат од 2 500 евра на нагоре, зависно од големината на објектот, плус 1 500 евра за одговорното лице.
Инспекциски надзор согласно најновите владини мерки и протоколи беше споведен и во угостителските објекти во Битола.
Во периодот од 23-ти до 26-ти август на територијата на земјава извршени се вкупно 1 756 инспекциски контроли и направени се 107 записници. Од страна на државните пазарни инспектори поднесена е една прекршочна пријава согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.
Засилените контроли продолжуваат и во наредниот период.
Данијела Билбилоска
