Здрава котлина поднесе независни листи за советници за општините Струмица, Босилово, и Ново Село. Граѓанската организација до понеделник на полноќ треба да ги собере потписите за нивните независни листи. Под името „Стига е“ – тие најавуваат фронт против рудникот и загадувачите на животната средина на локалните избори во октомври.
Независните листи треба да соберат 350 потписи за општина Струмица и по 150 за независните листи во Босилово и Ново Село.
Од здрава котлина велат дека имале многу притисоци, но и покрај тоа успеале да ги поднесат советничките листи.
Здрава котлина најавуваа и независни кандидати за градоначалници во овие општини, но, сепак се поднесени само советнички листи.
Сузана Мицева
