Ковид19 Македонија Најважни

Се зголемува бројот на новозаболени кои веќе еднаш го прележале вирусот

Се зголемува бројот на новозаболени кои веќе еднаш го прележале вирусот, за седум дена детектирани 54 такви случаи. Регистрирани се и случаи на новозаболени кои покрај тоа што веќе еднаш го прележале вирусот биле и вакцинирани. На шестмина новозаболени кои не се вакцинирале заболува и еден кој е целосно вакциниран. Во болниците секоја десета хоспитализација е на пациент кој ги примил двете дози на вакцина.

Рапиден скок на бројката на граѓани кои прележале Ковид и повторно заболеле е детектиран во последниот период алармираат здравствените власти. Според официјалните податоци на министерството за здравство од 15 до 22 август 54 лица кои една биле позитивни на Ковид  19 и го прележале повторно се заразиле. Од почетокот на пандемијата – февруари минатата година, досега се детектирани вкупно 351 случај на повторно заразување со вирусот

Еден спрема шест е односот на вакцинирани и невакцинирани кај новозаболените во последните дваесет дена покажуваат анализите на министерството за здравство, додека кај хоспитализираните и жртвите овој однос е повисок и е еден наспрема девет.

Во перидот од 6 август заклучно со вчера регистрирани се 17.020 новозаболени. Од нив 14.096 граѓани или 83 отсто не биле вакцинирани а 2.924 граѓани биле вакцинирани и заболеле две недели откако ја примиле втората доза вакцина.

Кога станува збор за хоспитализациите, во истиот период, 89 отсто од примените пацинети немале примено вакцина а 11 отсто биле целосно вакцинирани.

Во последните дваесет дена како последица на компликации предизвикани од коронавирусот починаа 276 лица. Најголем процент од нив се невакцинирани – 246 лица а 30 пациенти биле вакцинирани.

Покрај тоа регистрирани се случаи на новозаболени кои покрај тоа што веќе еднаш го прележале вирусот биле и вакцинирани.

Според математичките анализи на професорот Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, бројот на новодијагностицирани случаи го достигна врвот, во наредните неколку дена можно е бројката на дневни случаи да се искачи и до 1.300, а потоа следи период на опаѓање на бројките на заболени. Неговите анализи предвидуваат дека бројката на активни случаи во овој бран нема да надмине 16 илјади.

Последните официјални бројки на здравствените власти се дека вчера се вакцинирани 11.883 граќани од кои 7.625 ја примиле првата дозе. Една вакцина досега примиле 703 илјади граѓани а целосно ревакцинирани се 517 илјади граѓани. На вкациналните пунктови во државата аплицирани се вкупно 1,2 милион дози вакцини.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе