Ковид19 Македонија Најважни

Новите ковид мерки го нарушија традиционалното кафепиење на Широк сокак

Ја нема вообичаената слика на битолски Широк Сокак, посебно во овој период од годината, кoга  се бара место повеќе во кафулињата  за пладневното кафе. Одлуката  со која  во угостиелските објетки можат да седнат само вакцинирани и оздравени од КОВИД-19, ги менува навиките.

Новите мерки за заштита од КОВИД-19 делумно го нарушија ритуалото на најамбитлената улица во Битола, за традиционалното кафепиење, па дел од кафулиеата останаа полупразни.

Битолксите угостители веќе се прилагодуваат на новиот начин на работа.

Повеќето  битолчани кои ги анкетиравме  се согласуваат со овие рестрикиции.

-Не сум била  досега на кафе, не сум покажала серттификат, но мерките се во ред, треба сите да се вакцинираат, вели малда битолчанка

-Треба да се применуваат, оти се шири многу вирусо, посебно во Западна Македонија, треба да се вакцинираат сите, вели битолчанец.

Печалбарите кои летово го минуваат во родниот град, се со поделени мислења. Нашинец од  Германија, вели дека таму и мерките се построги  и граѓаните подисциплинирани, а битолчанка дојдена од Белгија, е против било какви ограничувања.

-Така треба, малку построго, јас сум за тоа, без тоа не може никако, треба во цел свет да се заосрат мерките, вели битолчанец од Германија.

-Во Франција е така, во Белгија не е уште, и мислам дека нема да биде, затоа што не е во ред за слободата на луѓето, вели битолачанка од Белгија.

Битолските угостители негодуваат, се жалат дека  редовните  клинетите кои не се вакцинирани им се лутат што не можат да седнат на кафе, а загрижени се и за своите бизниси.  Сепак велат одлуките мора да се почитуваат.

-Четири  маси од сабајле станавме. Не знаеме до каде ќе оди ова, но сигурно ќе се одрази на нашето работење. Навиките тешко е менуваат, но сепак треба да имаме свест и разум, вели Диме Ивановски, сопсвеник на Централ- Битола.

Инаку во Битола има висок опфат на вакцинација, околу 50 проценти. Во моментот болеста е во тек кај 130 битолчани, но барем засега нема голем притисок во Клиничката болнца, каде се хоспитлазирани 18 заразени со средно тешка клиничка слика.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Нема нерешлив проблем“ – Сиљановска-Давкова во среда на средба со бугарската колешка Јотова

Дејан Дејан

(видео)СДСМ ќе го блокира носењето на изборниот законик – ВМРО-ДПМНЕ: опозицијата нема оправдување

Дејан Дејан

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе