Македонија Топ вести

Соколовски: Нанесена е и огромна штета на капиталната вредност на Малешевијата

Пожарот во Малешевско-Пијанечкиот регион е од огромни размери и допрва ќе излезат анализите за тоа што ни се случи и зошто ни се случи и како дејствуваме за време на тие настани, оценува Војо Соколовски, претседателот на Здружението на приватни шуми. Вели дека во секој случај штетите ќе бидат непроценливи. Со него разговараше нашата репортека Викторија Димитрова Јованова.

Она што со сигурност може да се каже е дека е направена огромна штета, која не се однесува само на шумскиот фонд, туку е и во делот на екологијата, стопанството, туризмот секако, и во делот на она што е капитална вредност на Малешевијата, а тоа е чистиот и добар воздух. Значи, штетите се од огромни размери и нивното влијание допрва ќе го анализираме и осознаеме, оцени Соколовски.

Тој очекува во најскоро време да бидат формирани комисии кои ќе излезат на терен да ја анализираат направената штета и да се одредат постапките кои ќе следуваат потоа.

Ние како здружение би предложиле сите средства од Програмата за проширена репродукција, кои им стојат на располагање на сите сопственици на шуми во Македонија, да бидат насочени кон деловите каде што имавме огромни пожари. Она што исто така би го понудиле како некакво решение е преку Програмата за подршка на земјоделството и рурален развој да се креираат мерки за санација на опожарените површини. Тука мислам дека треба да се најде простор и можност да им се помогне на сопствениците на приватни шуми, вели Соколовски.

Претседателот на Здружението на приватни шуми, кој по професија е и метеоролог, вели дека временските услови изминативе два месеци во регионот создале идеални услови за појавување на ваква катастрофа.

-Ние навистина имаме исклучително топол период и како куриозитет може да се каже дека во Берово се измерени 37 степени, што е апсолутен максимум за времетраење од 100 години. Бидејќи првите почетоци на мерење во Берово се некаде во 1923 година, значи речиси 100 години, и пред десетина дена беше постигнат апсолутниот максимум. Исто така невообичаено е температурите на тлото да бидат над 40-от степен, а тоа сега е случај, што значи дека ги имаме сите предиспозиции за појава на такви пожари, оцени Соколовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе