Вести Свет

Австралија и Јапонија под притисок на делта варијантат – Италија вакцинира и на аеродромите

Најнаселената држава во Австралија и покрај строгите карантин мерки, кои вчера беа продолжени до крајот на Авгус,  денеска забележа рекорден број инфекции Ковид-19, вкупно 239.

Премиерската на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, на новинарите во Сиднеј им објасни дека најмалку 70 од нив имале можност да ја шират заразата во поширока средина и не се контакт на претходно познат случај.

Според Береџиклијан тоа значи и дека ситуацијата дополнително ќе се влошува во наредниот период.

Вчера биле направени и рекорден број тестови за еден ден – 110 000.

Сиднеј и Нов Јужен Велс од јуни се под карантин, кој вчера беше продолжен за најмалку еден месец, со дополнителни ограничувања во движењето на отворено.

Ако живеете во област со голема загриженост, од утре на полноќ може да се движите во радиус од само 5 километри.

Главната опасност во Австралија доаѓа од делта варијантата а слична е ситуацијата и во Јапонија, поточно главниот град Токио кој се соочува со досега најголемиот пораст на бројот нови случаи од почетокот на пандемијата. Вкупно 3 177 нови случаи биле регистрирани во Токио, во последниот ден, потврдија здравствените власти. Но бројот на заболени се зголемува и во другите јапонски градови.

Во Токио, Окинава, Саитама, Чиба, Канагава и Осака преземени се сите приоритетни вонредни мерки за превенција. Движењето на луѓето е ограничено, но досега не го спречи ширењето на инфекциите. Делта варијантата се шири и вакво брзо ширење досега не е видено.

 

Токио е под 4-тата вонредна состојба од 12-ти Јули, пред почетокот на Олимпијадата, која започна минатата недела. Иако во дел од јавност имаше големи протести заради стравувањата дека игрите ќе ја влошат пандемијата, засега нема докази дека некој од заразените спортисти ја пренел инфекцијата надвор од олимпиското село.

Во Европа, целиот фокус е на засилување на вакцинацијата. Италијанскиет власти отворија пункт за брза имунизација Вакс енд гоу на аеродромот во Рим, Фјумичино, каде само со покажување авионски билет, патниците може да се имунизираат против Ковид-19 со првата или втората доза од вакцините на Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон.

 Штом пристигнав на аеродромот, си реков: “ќе се вакцинирам”. Навистина се компетентни во тоа што го работат. Ако сите центри за вакцинација се вакви, мислам дека многу луѓе ќе се вакцинираат.

Од почетокот на пандемијата во Италија досега од Ковид-19 животот го загубија 128 000 луѓе а северните региони беа и првото големо жариште на корона вирусот надвор од Кина.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 5. издание на фестивалот „ Преку езерото“

Дејан Дејан

Приведени двајца во Кисела Вода – во нивниот дом е пронајдена дрога, вага и пари

Дејан Дејан

Имате јавен профил на Инстаграм? Внимавајте сега фотографии може да завршат во вештачка интелигенција без воопшто да знаете

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе