Вести Свет

Продолжен карантинот во Сиднеј до крајот на август

Строгиот карантин во Сиднеј и регионот околу овој град, што требаше да заврши во петокот беше продолжен за уште 4 недели, до 28-ми август.

Продолжениот карантин во урбаниот центар на најнаселената австралиска држава ќе дојде и со нови построги мерки, вклучувајќи го радиусот од 10 км во кој граѓаните можат слободно да се движат за купување неопходни продукти.

Вкупно повеќе од 2 500 луѓе се заразени во Сиднеј во текот на најголемиот пик на корона вирусот оваа година. Во самата држава – нов јужен велс вчера биле пријавени 177 нови случаи, најмногу од март минатата година. Направени биле 94 000 тестови. Иако за другите држави во кои се ширеше пандемијата ваквите бројки  не се голема причина за загриженост, австралијците имаат поинаков пристап и особено стравуваат од ширењето на ткн делта варијанта на Ковид-19, за која е познато дека се шири најбргу од сите досегашни.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан оцени дека било очигледно дека заради движењето на бројките во последните неколку дена, дека актуелниот карантин и силното ограничување на движењето ќе мора да биде продолжено.

Затоа им велам на граѓаните на Нов Јужен Велс, ви благодарам за трпението. Ве молам верувајте ми дека и јас сум фрустрирана како сите вие дека не успеавме да ги сведеме бројките на случаи на ниво на кое би сакале во овој миг. Тоа е реалноста. Мораме да играме со картите кои ни се поделени, да се справиме со оваа ситуација и затоа ја презедовме оваа одлука, врз основа на советот на здравствените власти, за денешните нови насоки.

Австралиските држави Викторија и Јужна Австралија денеска излегоа од карантинот, откако ги ставија под контрола уште помалите бројки на ново заразени.

5 –те милиони жители на Сиднеј оваа година уживаа во релативно нормален живот, се до новиот пик на заразата.

За најголемо време од пандемијата, Австралија ги држеше бројките на заразени релативно ниски со затворање на границите и задолжителниот карантин за сите посетители.

Властите спроведуваа краткотрајни остри карантини за да ги контролираат заразите, преку агресивно следње на контактите. Овојпат експертите предупредуваат дека рестрикциите во Сиднеј би можеле да траат до Септември или дури и подоцна.

Се инсистира дека не може да се укине карантинот се додека стапката на пренос на вирусот не се спушти речиси до нула. Долгиот карантин, спроведуван и контролиран од полицијата, предизвикува незадоволство кај дел од граѓаните. Неколку илјади луѓе одржаат протести под мотото “Слобода” во Сиднеј, Мелбурн и други поголеми градови во текот на викендот.

 

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

Дејан Дејан

Рокот за приговори за постапката за гласање е до 19 часот, до полноќ за сумирање на резултатите

Дејан Дејан

Венецуела планира да стане членка на БРИКС во 2024 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе