Вести Македонија

12 приведени за трговија со дрога и оружје – меѓу нив и полицаец

Полицаец заврпши со лисици на рацете и со спровод од своите колеги откако утрово во Скопје беше разбиена уште една криминална група у пасени дилери на дрога и трговци со оружје. Уапсени се уште единаесети криминалци, тројца се во бегство а запленети се пиштоли, блиндиран автомобил, дрога и поголема сума на пари.  Акцијата почна околу 5 часот изутрина а ја спроведоа полицајците од единицата за борба против организиран криминал и специјалните единици. Истовремено се појавија на вратите на десетина осомничени но и да локации каде што криминалците чуваа дрога оружје и пари.

  • Акцијата за сузбивање на повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје е изведена по повеќемесечно криминалистичко истражување. Членовите подолг временски период се инволвирани во вршење на кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

Следејќи ја групата полицајците неколку пати успеале да документираат зделки во кои криминалците продавале дрога и оружје на лица од Скопје.

Неколку часа се вршеа претреси на вкупно 20 локации, главно во населбата Ченто, а според официјалните информации на МВР уапсени се 12 лица. Најмладиот член на оваа криминална група има 22 години а највозрасниот меѓу уапсените е 35 годишник од населбата. Тие се спроведени во неколку полициски стануци во градот и сеуште се врши распит. Вечерва или утре рано изутрина ќе бидат префрлени во Кривичниот суд каде судија ќе одлучува околу барањата за привор.

Полицијата трага по уште тројца осомничени кои успеале да и побегнат на полициската потера.

Во домовите на осомничените и на локациите на кои престојувале и кои ги користеле полицајците запленија два пиштоли, неколку автомобили и еден со блиндирана заштита, мобилни телефони, комјутери,  дрога и поголема сума на денари и девизи кои потекнуваат од нивните кримнални активности.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе