Вести Македонија

Во личната карта нема да стои етничката припадност

Законот за лични карти ги подели владеачките партии. СДСМ нема да даде поддршка за внесување на етничката припадност во обрасците за лични карти. Мислењето го смени откако Европската унија укажа дека тоа не е европски принцип.

БЕСА инсистира на вакво решение во личните карти.  Предлог законот го поднесе пред неколку месеци и доби поддршка од другите владеачки партии. Откако Левица го блокираше законот во комисијата со неколку стотици амандмани, БЕСА поднесе амандман со иста содржина на предлогот поднесен од МВР.

Заев најави дека за ова прашање ќе разговара со лидерот на БЕСА, Билал Касами, на утрешниот состанок. Законот е во собраниска процедура, а од изјаснувањето на пратениците зависи динамиката на издавање нови лични карти. Премиерот признава дека за овие нови документи чекаат 12 илјади граѓани и дека таа бројка наредната недела веројатно ќе се искачи на 15 илјади.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе