Македонија

58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Болката не стивнува дури и по 58 години.  Ристо Марковски никогаш нема да го заборави татнежот кој за само неколку секунди го разруши неговиот живот.

Имал само 9 години кога во катастрофалниот скопски земјотресот го загубил еден од своите двајца браќа кој имал 12 години.

“Се околу нас, околу мене темно, прашина, слушам гласови и не можеш да распознаеш. Брат ми почина  на рацете на братучедите. Најмалиот брат три и пол години. Нешто што не смее да се заборави не само јас, не само моето семејство, сите Скопјани, меѓутоа не знам дали е тоа така. Тоа е катастрофа што треба да покаже низ животот дека треба да се живее дека е вредно да се живее, дека една секунда може да однесе се што човек има”- изјави Ристо Марковски.

Во катастрофалниот скопски земјотрес загинаа над 1000 луѓе, 3300 беа повредени, без покрив над главата беа 185.000 луѓе. Над 30. 000 деца  на различна возраст  беа евакуирани во многу градови низ цела поранешна Југославија и во внатрешноста на Македонија. Под разурнатите ѕидини беа затрупани цели фамилии.

Педесет и осум години по катастрофалниот скопски земјотрес, се сеќаваме на над 1000 наши сограѓани кои го изгубија животот, но и на солидарноста што ја покажа светот кон нас.

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил.

Домашни и странски делегации денес положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Во рамки на одбележувањето на 58 години од земјотресот што го разурна Скопје е и вечерашниот концерт насловен „Филхармонија и Архангел за Скопје“, што ќе започне во 21 часот, во Градски парк.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе