Вести Свет

Слави Трифонов во последен обид да формира влада на Бугарија

Фолк пејачот и популарниот ТВ водител, Слави Трифонов, со неговата партија „Има таков народ“ е во последни преговори за нова влада на Бугарија. И покрај различните позиции со другите политички партии, денеска на средба беше поканета и Движењето за права и слободи во обид да се обезбеди најшироко можно парламентарно мнозинство за нивните идни политики. Оваа средба беше од голем интерес за политичката сцена, затоа што од другите политички субјекти се категорични дека владата на Трифонов нема да ја поддржат ако во неа влезат ДПС или ГЕРБ.

По средбата од ДПС задоволни, се согласиле дека имаат слични програми за идната влада, но еден од уловите е да се врати нормалноста во политиката.

Повеќето од нашите идеи се совпаѓаат, ние дефинитивно имаме разлики, но рековме дека немаме безрезервна поддршка. Посочивме еден неотповиклив услов, а тоа е враќање на нормалноста во политиката и демократијата, што значи дека парламентот се враќа на своето место според Уставот на Бугарија, како и државниот апарат да не се користи како клуб против граѓаните и бизнисите. Туку да делува во согласност со уставот, во служба на граѓаните и за создавање на добра бизнис клима, изјави претседателот на ДПС, Мустафа Карадаи. 

За ДПС, важен е персоналниот состав на идната бугарска Влада, иако Движењето не  номинирале министри.

Од своја страна, од „Има таков народ“ воздржани – велат дека двете партии разговарале за приоритетите и дека од ДПС не побарале поддршка за идната влада.

Ние ги кажавме приоритетите. Тие ни кажаа дека им се важни личностите кои ќе бидат во кабинетот, но ние сметаме дека тоа е наша одговорност и не ни требаат совети од никој, а ниту пак некој да ни кажува кои да се луѓето, изјави ТОШКО ЈОРДАНОВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРЛАМЕНТАРНА ГРУПА „ИТН“

Победничката партија на изборите во Бугарија, вчера се сретнаа и сосоцијалистите. Оваа средба според лидерката Корнелија Нинова била добар чекор кон иден дијалог, и поддршка за новата влада иако остануваат разликите за даночната политика и пензискиот систем.

За антиелитистичката партија на Трифонов, која немаше ниту програма, да ја формира владата му е неопходна поддршка од секоја антирежимска партија која го мина цензусот на изборите.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе