Еден загинат во сообраќајка која се случила попладнево во 18.20 на магистралниот пат Охрид –Кичево кај с.Врбјани. Од СВР Охрид јавуваат дека директно се судриле две возила Голф и Тојота. Возачот од Голфот починал на лице место. Во сообраќајката има и неколку повредени, увидот се уште трае, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.
Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со голем застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
