Вести Свет Топ вести

Истражување: Фајзер најдобро штити осум недели меѓу две дози

Подолг период меѓу првата и втората доза на вакцината Фајзер му помага на имунолошкиот систем да создаде повеќе антитела, откри британско истражување.

Експертите велат дека ова откритие е во согласност со одлуката на Велика Британија да го зголеми интервалот меѓу двете дози, во однос на првичната препорака на „Фајзер“ интервалот да биде три недели, јави Би-Би-Си.

Во текстот се додава дека разликата од осум недели дава најдобри резултати во борбата против Делта мутацијата.

Велика Британија првично го зголеми периодот меѓу двете дози на 12 недели, на крајот на 2020 година. Меѓутоа, кога почна вакцинацијата на помлади луѓе, на луѓето им беше препорачано да ја земаат втората доза по осум недели.

Истражувањето кое го финансираше Владата, сè уште не поминало рецензии.

За целите на студијата, истражувачите го споредувале имунолошкиот одговор на 503 припадници на Националната здравствена служба (NHS), кои примале дози во различни интервали.

Откриено е дека пократките и подолгите паузи меѓу двете дози создаваат силен имунолошки одговор, но оти интервалот од три недели создава помалку антитела отколку десетнеделен интервал.

Професорката Сузана Дуанчи, раководител на Пич студиите на Универзитетот во Оксфорд, рече дека две дози се подобри од една, но додаде дека другата доза е флексибилна, во зависност од околностите.

За сегашната состојба во Велика Британија, таа рече дека осум недели е најдобриот интервал меѓу две дози, затоа што луѓето сакаат да земат две дози, а во исто време, Делта сојот многу циркулира.

– За жал, не гледам дека вирусот исчезнува, па мора да се балансирате и да ја добиете најдобрата заштита што можете, рече таа.

Докторката Ребека Пејн, друга учесничка во студијата од Универзитетот во Њукасл, рече дека дозирањето дава силен имунолошки одговор на Ковид-19 после две дози, но оти е потребно да се спроведат повеќе студии со цел целосно да се сфати клиничкото значење на истражувањето“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе