Вести Македонија Топ вести

Боки 13 попладнево однесен во затворот Идризово

Бојан Јовановски од домашен притвор е однесен во затворот Идризово. Ова за Телма го потврдува директорот на затворот Јовица Стојановиќ кој вели дека првите триесет денови Боки 13 ќе ги помине во приемното одделение, а се уште важи и протоколот за заштита од Ковид 19 со кој ќе треба да помине денови и во изолација.

По ова ќе биде префрлен во полуотворено одделение  за да ја доиздржи 9 годишната затворска казна од која веќе 2 години Јовановски ги помина во ефективен или домашен притвор. Сепак ќе се следи и неговата здравствена состојба бидејќи токму поради постоперативни компликации тој од затвор беше пратен во куќен притвор. Попладнево судија за извршување санкции го испратил упатниот акт за издржување на правосилната затворска казна.

Предметот е испратен и во Гевгелискиот суд, кој сега е надлежен и за екс обвинителката Катица Јанева која е во домашен притвор во семејната куќа во Гевгелија. Претходно пак нејзината адвокатка најави дека ќе бара да се одложи извршувањето на затворската казна од 7 години, поради здравствени проблеми. Адвокатката Ирена Фрчковска најави и вонреден правен лек до Врховниот суд, а и жалба до Стразбур. Инаку двајцата се осудени за случајот Рекет. Јанева за злоупотреба на службената положба како специјален јавен обвинител, а Боки 13 за рекет и перење пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе