Вести Македонија

Обвинителството бара притвор за Драги Рашковски, судот отфрла

Драги Рашковски разговарал со други осомничени во истрагата за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, тврдело обвинителството и барало повторно притвор за поранешниот генерален секретар на владата. Кривичниот суд во Скопје ги отфрлил овие тврдења и го оставил во домашен притвор.

Ова за Телма го потврдуваат и од судот од каде велат дека немало основи за Рашковски да се врати во ефективен притвор. И понатаму ќе остане мерката домашен притвор и забрана за комуникација со останатите осомничени во неговиот случај. Инаку Рашковски првично при приведувањето доби домашен притвор но само после една недела судот по барање на обвинителството го испрати в озатвор оти се утврди дека тој влијаел врз другите осомничени. По месец и половина повторно беше вратен во куќен притвор. Осомничен е дека ја злоупотребил службената положба и со државни пари набавил и систем за биометриска идентификација, а претходно ист таков си патентирал како негов изум.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество – велигденска честитка од претседателот Пендаровски

Дејан Дејан

Најмалку 48 загинати лица и 30 повредени при уривање на автопат во Кина – возач на камион спречи поголем број на жртви

Дејан Дејан

Бернар Арно на врвот, Маск на трето место – листа на милијардери на Блумберг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе