Вести Македонија Топ вести

Брнз го информирала Мицкоски за извршната наредба на Бајден, за Западен Балкан

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз, денеска се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да го брифира за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Информацијата за средбата на Твитер ја сподели Брнз.

За средбата на Мицкоски и Брнз информираа и од ВМРО ДПМНЕ. Но, во партиското соопштение нема ниту збор за „црната листа“ на Бајден за оние кои не го почитуваат Преспанскиот договор. Според соопштението, Мицкоски со амбасадорката разговарал за „актуелните случувања и предизвици важни за државата“.

Со наредбата на Бајден, се прошири опфатот на лицата од Западен Балкан кои ќе бидат ставени на црната листа на САД и ќе им се забрани влез, а ќе им се замрзне и сиот имот и пари кои ги поседуваат во САД односно истите нема да може да бидат пренесени, платени, извезувани, повлечени.На листата, како што е познато, треба да се најдат лицата кои не го почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор, како и оние кои се вклучени во корупција односно ги поткопуваат демократските процеси или институции на Западен Балкан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиштолот му откажал, па продолжил со нож – крвав поход на 16-годишен Хрват во училиште во Германија, повредени две девојчиња

Sasko Dimovski

Бундестагот одби испорака на ракети Таурус за Киев

Sasko Dimovski

Разузнaвачот го повлече признанието – пресврт во случајот за убиството на жената бомбаш во Монако

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе