Македонија

Турција очекува Македонија да ѝ предаде 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен

Турција очекува од Македонија да ѝ бидат испорачани 86 лица, турски државјани, кои се осомничени за поврзаност со движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години.

Во изминатите четири години зголемен е бројот на барањата за депортирање и екстрадиции до властите во земјава. Вкупно за 86 лица се бара депортирање од земјата, за 20 од нив се бара екстрадиција. Сите овие барања се испратени до надлежните на Северна Македонија, но засега не е преземен чекор во оваа насока, изјави турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок на денешната прес-конференција по повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство на Турција.

Тој истакна дека во изминативе пет години еден од основните приоритети на турската држава беше оневозможување на дејствувањето во земјата и во странство на движењето на Ѓулен, кое Анкара го нарекува „Фетулахистичка терористичката организација“ – ФЕТО.

Во Турција, рече Секизќок, е „дешифрирана структурната поставеност на ФЕТО во државните и вондржавните институции“ и се сузбиени нејзините активности, а спроведени се и депортации од странски држави.

Кога сме кај Северна Македонија, структурите на ФЕТО продолжуваат да бидат присутни во земјава затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва. Во секоја прилика до надлежните на Северна Македонија ги пренесуваме нашите барања за оневозможување за дејствување на структурите на ФЕТО и депортирање на лицата поврзани со ФЕТО. Ставањето крај на дејностите на структурите на ФЕТО и депортирањето на лицата поврзани со ФЕТО ќе претствуваат конкретни чекори од аспект на билатералната соработка во насока на борбата против тероризмот. Ја користам оваа прилика одново уште еднаш да ги истакнам овие очекувања. Со одлучност ќе продолжат нашите дејности во насока на сузбивање на структурите на ФЕТО во странство, рече амбасадорот Секизќок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Стојковски: Фазната интеграција мора да води до полноправно членство, но недостасува предвидливост во процесот

Дејан Дејан

Тилев: Новиот нон-пејпер нуди конкретни чекори за побрза интеграција, но Македонија мора прво да го отвори кластерот „Фундаменти“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе